Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Крени глас против врсничкото насилство” -едукативна работилница за родители

Во рамки на општествено одговорната кампања “Крени глас против врсничкото насилство”, во организација на Макпетрол, денеска се одржа едукативна работилница во големата сала на зградата на поранешен Комитет,  Куманово.
На настанот присуствуваа родители, членови на училишни одбори и совети на родители од општинските основни и средни училишта.
Во дискусија учествуваше и популарниот актер Сашко Коцев, кој е дел од оваа кампања, во придружба на експерт од психологија, Деспина Стојановска, кои низ конкретни примери се обидоа да ги информираат и да ги потикнат родителите да се вклучат поактивно, во решавање на актуелниот проблем на денешницата – булингот.
Целта на оваа едукативна работилница е кревање на глас против врсничкото насилство, препознавање  и решавање на проблемите кои се изразени меѓу врсниците во училиштата.
На денешната втора по ред работилница во рамки на овој проект, поздравно обраќање имаше раководителот на Сектор за образование при Општина Куманово, Александар Јовановиќ.

 

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст