Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Крени глас против врсничкото насилство” – кампања на “Макпетрол”

Општинските основни училишта во Куманово, активно ќе бидат вклучени во едукативната кампања на “Макпетрол”, против врсничкото насилство.

За таа цел, денеска во Скопје, градоначалникот Димитриевски потпиша Меморандум за соработка помеѓу Општина Куманово и компанијата “Макпетрол”, која организира работилници на оваа тема низ основните училишта во земјава.
Преку работилниците кои се предводени од психотерапевт, проблемот ќе се обратува од различни аспекти, ќе се делат печатени материјали до учениците, стручните служби и до родителите, за да се зголеми јавниот интерес за проблемот со булингот.
“Крени глас против врсничкото насилство” е општествено одговорна кампања, која е составена од повеќе елементи, а главен столб е интернет страницата – kreniglas.mk.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст