Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Кумановска суџуклијада 2024

Гастрономска манифестација која ги поврзува традиционалните вредности, туризмот и економијата, се одржа денеска во Касапски круг – Куманово, во организација на Здружението на угостители “Бисер”, со поддршка на Општина Куманово.
Посетителите имаа можност да уживаат во специјалитети од храна и музичка програма со настап на Марко и Милена, градскиот оркестар “Канон” и Дани Димитровска.
Настанот е реализиран преку Програмата на Сектор за меѓународна соработка и евронтеграции, стратешко планирање, креирање политики, следење и ЛЕР и Сектор за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст