Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Кумановската гимназија – дел од програмата ГЛОБЕ

СОУ Гимназија “Гоце Делчев” Куманово се приклучи на ГЛОБЕ, програма од областа на екологијата, преку Министерството за животна средина на РСМ, поддржана од НАСА.
Во програмата се вклучени училишта од 127 земји од целиот свет.
Опфатени се 4 протоколи: атмосфера, хидросфера, биосфера и педосфера.
По завршените обуки и аплицирањето од страна на координаторите од стручен тим на професори од гимназијата, денеска е извршено примопредавање на опремата за вршење на мерења од протоколите атмосфера и хидросфера.
Министерството за животна средина на РСМ, претставувано од координаторот на ГЛОБЕ МК, Катерина Николовска, преку Општина Куманово, претставувана од градоначалникот Максим Димитриевски, го изврши примопредавањето на опремата до СОУ Гимназија “Гоце Делчев”, претставувана од директорката Марија Тодорвска и координаторот Костадин Димитриевски, професор по физика.
Мерењата ќе бидат внесувани во ГЛОБЕ мрежата и ќе бидат достапни во 127 држави.
Гимназијата ќе биде ставена на мапата на светот и ќе разменува искуства и практики од областа на екологијата на интернационално ниво.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст