Кумановско културно лето 2024
Прес конференција за содржина на културно – уметничките манифестации, кои се дел програмата на Кумановско културно лето 2024, се одржа денеска во Занаетчиски дом, Куманово.
Раководителот на Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита, Александар Крстевски, заедно со претставниците и организаторите на настаните, ја информираа јавноста за претстојните фестивалски денови (27 – 31.08.2024 година).
Концертните активности ќе се реализираат на градскиот плоштад во Куманово, со поддршка на Општина Куманово и Фондацијата за култура и спорт:
– KENGA EPIKE,
– Меѓународен фолклорен фестивал,
– Тумба фест,
– Тумбсток,
– Меѓународен тамбурашки фестивал.