Градоначалникот Максим Димитриевски во посета на Нови Сад

По повод 270 години од ослободување на Градот Нови Сад (Србија), делегација од општина Куманово, составена од Градоначалникот Максим Димитриевски, Претседателот на Совет на Општина Куманово, Атина Мургашанска  и раководителот на Сектор за Евроинтеграции во општина Куманово Горан Митевски, присуствуваа на свечениот прием кај Градоначалникот на Нови Сад – Милош Вучевиќ.

Градоначалникот Максим Димитриевски изрази благодарност за поканата и пријатниот пречек,  а во име на граѓаните на Куманово им го честита празникот на жителите на Нови Сад.

Во рамките на посетата беше организирана и средба помеѓу Градоначалникот на Марибор Др.Андреј Фиштравец, Градоналникот Димитриевски и Градоначалникот на Нови Сад Милош Вучевиќ. На средбата се разговарало за реализација на идни заеднички проекти.

Врати се на врвот
Големина на фонт