Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Меѓународна велосипедска трка “Трофеј 11 октомври”

Во организација на Велосипедски клуб “Вело М Термалифт”, Општински сојуз на спортови, Велосипедска федерација на Македонија и Совет за безбедност при СВР Куманово, а со поддршка на градоначалник и Совет на општина Куманово, денеска се одржа традиционалната меѓународна велосипедска трка “Трофеј 11 октомври”. На булеварот “Октомвриска револуција”, пред спортската сала стартуваа 60 велосипедисти од Македонија, Србија и Бугарија. Се одржаа две велосипедски трки (ревијална и натпреварувачка).

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст