Научна конференција “120 години од Илинденското востание” во Крушево
Во чест на македонскиот национален празник 2 Август, денеска градоначалникот на општина Куманово Димитриевски присуствуваше на научната конференција “120 години од Илинденското востание” во Крушево. Конференцијата е во организација на Матица на иселениците од Македонија, под покровителство на општините: Куманово, Крушево, Карпош, Битола и Прилеп. На свеченото отворање се обратија академик Љупчо Коцарев, претседател на МАНУ и Томе Христоски, градоначалник на општина Крушево. Зборникот на трудови “120 години од Илинденското востание” го промовираше проф. д-р Катерина Тодороска, а за “Илинденските сведоштва” говореше проф. д-р Ленина Жила.