НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово го одбележа патрониот празник
Со пригодна културно – уметничка програма, НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, го прослави четириесет и две годишното постоење.
Денешната празнична манифестација ја збогатија хорот од ООУ “11 Октомври” и фолклорното друштво “Срма” од Куманово, а со свои музички точки настапија и солисти од Национална опера и балет, од Скопје.
На претставникот од Општина Куманово, Секретарот Александар Гелевски, му беше доделена благодарница, во знак на почит и благодарност за досегашната успешна соработка.