Од утре започнува со реализација мерката – Народна кујна
Од утре почнува со реализација мерката – остварување на право на народна кујна, за определени категории на граѓани на општина Куманово. Право на користење на оброк до сега имаат остварено вкупно седумдесет и три граѓани. Во период од 10:00 до 12:00 часот истите ќе можат да земат оброк во просториите на ЈУ-ОУД „Професор Мијалковиќ„. Јавниот повик за остварување на право на народна кујна, кој е објавен на официјална веб страна на Општината продолжува и ќе трае до крајот на 2024 година. За сите подносители на Барања кои ќе бидат опфатени со оваа мерка, ќе биде истакнато известување во просториите на ЈУ-ОУД „Професор Мијалковиќ“- Куманово. Општина Куманово за оваа мерка има издвоено 5 400 000 денари.