Одбележан 20 Ноември – Светски ден на детето
На градскиот плоштад во Куманово, денеска симболично беше одбележан Интернационалниот ден на детето.
Ученици заедно со своите наставници од општинските основни училишта, на минувачите им делеа пораки “за мојот безбеден и чист град”.
Децата низ песна и игра се дружеа со јунаците од цртаните филмови, кои им се придружија на нивна радост и задоволство.
Манифестацијата ја организираше Општинскиот Совет за превенција и детско престапништво – ОСПДП.
На настанот присуствуваа претседателката на Советот на Општина Куманово и претставници од Секторот за образование.