Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одбележани 152 години од раѓањето на великанот Гоце Делчев во Куманово

Одбележани 152 години од раѓањето на великанот Гоце Делчев во Куманово

Делегација на Општина Куманово, предводена од секретарот Александар Гелевски и членови на Советот на Општината, во знак на почит и благодарност, положија свежо цвеќе пред бистата на Гоце Делчев, револуционер, визионер и предводник на македонското национално движење, во дворот на СОУ Гимназија “Гоце Делчев”, Куманово.

На чествувањето во спомен на македонскиот културен деец, присуствуваа бројни делегации од разни граѓански здруженија и институции од градот.

Учениците и наставниците од кумановската гимназија со пригодна програма го увеличија денешниот настан, во чест на одбележувањето на годишнината на раѓањето на Гоце Делчев.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст