Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Одржан натпревар во изразно рецитирање во Општина Куманово

Во организација на Здружението на одделенски наставници – Учител и ЈОУ Библиотека “Тане Георгиевски” – Куманово, денеска се одржа настанот – Поети имитираме – изразно рецитираме,  во големата сала на поранешната зграда на Комитет, Куманово.
Се натпреваруваа ученици во изразно рецитирање од прво до петто одделение, од општинските основни училишта, со музичка придружба во позадина.
Примарна цел на оваа манифестација, која е единствена од ваков вид во земјава, е негување на убавиот поетски збор и поттикнување на децата од најрана училишна возраст да говорат на мајчиниот македонски литературен јазик.
Културно – забавниот настан го отвори претседателката на ЗОН – Учител, Наташа Тодоровска.
Пред присутните се обрати и претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, која ја нагласи несебичната поддршка на Општината, за натревари од областа на образованието и културата.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст