ООУ “Кочо Рацин” – Куманово го одбележа патрониот празник
Во знак на почит и благодарност кон македонскиот великан, поет и револуционер, Кочо Рацин, делегации на Општина Куманово и Советот на Општината, предводени од градоначалникот, Максим Димитриевски, денеска положија цвеќе пред бистата во дворот на училиштето.
Пред присутните гости, учениците и наставниците се претставија со пригоден рецитал и музички точки, кои беа дел од свечената програма, во чест на патронот.