Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Општина Куманово поддршка на двете саемски манифестации

Здружението за развој на земјоделство и заштита на животна средина преку истражување, едукација и зачувување на биодиверзитетот “ЖИВОТ” и Адут ГВН од Куманово, поддржани од Комората на органски производители – КОП, Министерството за земјоделство, шумарство и водостопанство на РС Македонија и Општина Куманово, организира две паралелни саемски изложби.
Седмиот меѓународен саем на органски и традиционални производи “Органска трпеза 2024”  и третиот меѓународен саем за земјоделство, технологии, храна и преработки “АГРО МАК 2024”, ќе се одржат во спортско – рекреативниот комплекс (градски базен и спортска сала), во Куманово (27-29.09. 2024 година, во период од 09-18 часот).
Настанот ќе биде збогатен со културно – уметничка програма (музички содржини, ревија, уметничко детско катче), кулинарски настан и меѓународен стручен натпревар на ученици од средните земјоделски училишта.
Во рамки на саемските случувања, ќе се одржи и работна средба на претставници на науката и бизнисот, со цел да се подготви конференција на тема “Органска и функционална храна – иднината на Македонија и регионот на Југоисточна Европа”.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст