Општина Куманово поднесе кривична пријава против организирана група НН лица поради основано сомневање за сторено кривично дело Узурпација на недвижности и кривично дело Бесправно градење на локација во с. Сопот – Куманово
Општина Куманово поднесе кривична пријава против организирана група НН лица поради основано сомневање за сторено кривично дело Узурпација на недвижности од член 225 став 2 од КЗ и кривично дело Бесправно градење 244-а став 1 од КЗ.
Организираната група НН лица во подолг временски период заклучно со 06.11.2023 година, ги сториле наведените кривични дела со узурпација и градба на градежна парцела, државно земјоделско земјиште КП бр.963 КО Сопот, запишана во Имотен лист бр. 117 и на истата покрај узурпација, изградиле објект со функција Музеј – Меморијален центар.
Кривичната пријава заедно со сите обезбедени наводи и докази со коишто Општината располага е поднесена до Основно јавно обвинителство за гонење на организиран криминал и корупција, Основно јавно обвинителство Куманово и МВР-СВР Куманово, за нивно понатамошно постапување.