Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Патронен концерт – УОМО “Панче Пешев” – Куманово

Со свечена музичка програма, учениците и наставниците од училиштето за основно музичко образование, одбележаа 78 години успешно постоење,  во салата на НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово.
На сцената беа интерпретирани класични музички дела, домашни и светски познати поп и рок хитови, во изведба на соло пејачи, инструменталисти и хорот при училиштето, кое го носи името на познатиот македонски композитор, комунист и учесник во НОБ, Панче Пешев.
Пред публиката, со поздравен говор се обрати претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска.
На манифестацијата присуствуваа и претставници од општинската администрација.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст