Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Поети имитираме – оригинално рецитираме!”

Завршна манифестација на проектот “Поети имитираме – оригинално рецитираме”, се одржа вечерва во Занаетчиски дом, во организација на ЈОУ Библиотека “Тане Георгиевски” – Куманово и Здружението на одделенски наставници – ЗОН Учител на РСМ, со поддршка на Општината.
Проектот е спој на повеќе активности. Наменет е за ученици од прво до петто одделение во  основните училишта на Општина Куманово. Културно – уметничката програма беше проткаена со музички содржини, кои го збогатија  рециталот на поетски творби, избрани од тимот на одделенските наставници, во соработка со стручните лица од ЈОУ Библиотека “Тане Георгиевски” – Куманово.
Целта на овој проект е негување на поетскиот збор и традицијата на македонскиот литературен јазик, со мотивирање на учениците за читање и рецитирање на поезија.
На настанот присуствуваа претседателката на Советот на Општина Куманово и раководителот на Секторот за образование.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст