Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Поетско матине” во чест на месецот на Европа

Денеска во Соколански парк, се одржа поетско читање, во организација на Книжевен клуб ‘Куманово”, со поддршка на Europe House – Крива Паланка.
Пригодниот настан е дел од регионалната програма за одбележување на манифестации по повод ден и месецот на Европа.
Љубителите на пишаниот збор имаа можност да присуствуваат на мултијазичен поетски митинг, со музички колаж во интерпретација на Номад бенд, кои ја надополнија пријатната атмосфера.
Поетската манифестација ја отвори претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска. Присуствуваа и претставници од општинската администрација.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст