Покана за Јавна расправа на нацрт документ „Студија за прогласување на граници на ерозивни подрачја во општина Куманово со акциски план“
На ден 22.02.2024 година (четврток) со почеток во 12.00 часот во просториите на кружна сала во општина Куманово, Одделението за заштита на животната средина и природата Ве повикува да земете учесто на Јавна расправа, на која ќе биде презентиран нацрт документ „Студија за прогласување на граници на ерозивни подрачја во општина Куманово со акциски план“. Документот е инициран од страна на општина Куманово поради законска обврска согласно Законот за води, но и поради големата ерозивност на подрачјето на Општината, што има бројни негативни природни и социо – економски последици.
Студијата е изработена од страна на Регионален центар за шумарство и рурален развој “REFORD” – Скопје, согласно Програмата на активности од областа на заштита на животната средина и природата на општина Куманово за 2024 година, која е усвоена од Советот на општина Куманово и е поврзана со пристапите и принципите на следниве документи на Светската политика и политики на ЕУ: Еко-ДРР (намалување на ризикот од еко-катастрофи), климатски промени и ДРР, UNCCD (Конвенција на ОН за борба против опустинување), UNFCCC (Конвенција на ОН за климатски промени), Варшавска резолуција 2 – Шума и вода, IWRM – Интегрирано управување со водните ресурси, како и националните документи: Национален акционен план за борба против опустинувањето, Национален план за заштита на природата, III национална комуникација за климатски промени (III NC кон UNFCC), Стратегијата за одржлив развој на шумарството (SSDF), Акционен план за прилагодување кон климатските промени (АПЦЦЦ) и др.
Главен резултат на Студијата треба да биде прецизно изработена карта на ерозија со издвоени ерозивни подрачја, карта на порои и подрачја со потенцијални свлечишта на територијата на општина Куманово. Исто така, треба да се дефинира јасен акциски план со мерки за справување со ерозијата, особено во ерозивните подрачја, како и нивен третман со цел намалување на потенцијални ризици и штети.Во прилог нацрт документ „Студија за прогласување на граници на ерозивни подрачја во општина Куманово со акциски план“ (Превземете ТУКА)