Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Градоначалникот Максим Димитриевски во посета на Општина Чорлу ( Р.Турција)

По повод националниот празник на Република Турција, а на покана на новиот градоначалник на збратимената општина Чорлу г-дин Ахмет Сарикурт, Градоначалникот Димитриевски е во посета на овој град, придружуван од делегација на Турската заедница од Општина Куманово. При посетата Градоначалникот истакна:

– Во име на граѓаните на општина Куманово му го честитав изборот на новиот градоначалник. Разговаравме за досегашната соработка на културен план и идната соработка на полето на култура и спорт, како и можна економска соработка во повеќе области помеѓу двете општини. Градоначалникот Сарикурт најави можна посета на нашата општина во почетокот на идната година во придружба на бизнис делегација со заинтересирани инвеститори за Кумановската Индустриска Зона. Општина Чорлу е најбрзорастечка општина во Република Турција во која секоја година бројот на жителите се зголемува за 10.000 граѓани со над 2.500 мали и средни фабрики.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст