Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Потпишан Договор за улично осветлување во Општина Куманово

Институтот за истражување и анализа на политики – Ромалитико од Скопје, заедно со Општина Куманово, во наредниот период ќе постави 138 улични светла со соларно напојување на повеќе локации, во неколку населени места:
– Бавчи (50 светла),
– Средорек (34 светла),
– Карпи (50 светла),
– ул. Тане Георгиев (4 светла).
Договорот за оваа локална акција, е потпишан денеска во Општина Куманово, помеѓу двете страни кои ќе бидат вклучени во реализацијата на проектот.
Постоечките улични светла ќе бидат заменети со соларно напојување, преку фирма која е задолжена за одржување на уличното осветлување.
Ромската заедница од Куманово, преку доброволна работа ќе биде вклучена во процесот на замена.
Локалната акција Институтот Ромалитико ја имплементира преку проектот Заедно за просперитетна заедница, кој финансиски е поддржан од американскиот народ, преку Агенцијата на САД за меѓународен развој УСАИД.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст