Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Повик за граѓаните да учествуваат во проектот „ЕУ за енергетска транзиција“

Почитувани,

Проектот: ЕУ за енергетска транзиција: Пакт на градоначалници од Западен Балкан и Турција е кофинансиран од ЕУ и Германско Сојузно Министерство за економска соработка и развој  (BMZ).

Проектот се спроведува од страна на  GIZ во Западен Балкан и  Централна агенција за управување со проекти (CPMA) одТурција.

Општина Куманово е одбарана како корисник, поддржана во процесот на изработка на  Акционен план за одржлива енергија и клима (АПОЕК), како дел од проектните активности на ЕУ за енергетска ефикасност.

Според потпишаниот меморандум за соработка формирана е локална работна група за подготовка на Акционен План за одржлива енергија и клима (АПОЕК) со релевантни лица  од општината и локалните институции.

Одделение за стратешко планирање, креирање политики и ЛЕР, ја повикува јавноста да учествува во процесот на изработка на АПОЕК.

На следниот линк ќе го најдете прашалникот за вклучување на јавноста во процесот на приоритизација на мерките за адаптација и митигација за Општина Куманово:

https://forms.gle/j1raAFU2HLfQBpvH7

Прашалникот ќе биде отворен за пополнување во следните 10 дена, т.е заклучно со 25.06.2023год. На овој начин јавноста директно ќе може да придонесе кон креирање на политики  на локално ниво.

Лице за контакт:
Донка Петровска
Координатор на проектот за Општина Куманово
Контакт 076 238 944

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст