Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Ларвицидна дезинсекција против комарци на застоени водни површини и адултицидна дезинсекција против возрасна форма на комарци

Се известуваат граѓаните на општина Куманово дека на 23.06.2023 година (петок) на територијата на Општината, ќе се изврши ларвицидна дезинсекција против комарци на застоени водни површини, во период од 08.00 до 14.00 часот. Третманот ќе се изврши на следниве локации: Речица, индустриска улица, Клечовце, место викано Бара – Ајдучка чешма, по течението на реките Којнарка и Кумановка, локација Толи Зордумис. При извршување на третманот ќе се користи препаратот Biopren 4GR.

На 23.06.2023 година во 00.00 часот на територијата на Општината ќе се изврши адултицидна дезинсекција против возрасна форма на комарци.  При извршување на третманот ќе се користи препаратот Akva Kotrin. Неопходно е пчеларите да преземат соодветни мерки за заштита на пчелите. Доколку временските услови не го дозволат вршењето на третманот, дезинсекцијата ќе се изврши првиот нареден ден кога временските услови ќе бидат поволни.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст