Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Празничен турнир во пикадо и шах

Во организација на Сојуз за спорт и рекреација на инвалиди Куманово, со поддршка на Општински сојуз на спортови Куманово – ОССК, денеска во ресторан Грација, се оддржа спортски натпревар во пикадо и шах, по повод Ден на градот – 11 Ноември. На празничниот настан учествуваа спортисти од Куманово, Скопје, Штип, Кочани и Битола. Настанот го отвори претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска заедно со истакнатиот олимпиец, натпреварувач во дисциплината стрелаштво, Бранимир Јовановски.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст