Празнична улична трка
Во пресрет на празникот 11 Ноември, денеска низ улиците на централното градско подрачје, трчаа ученици од општинските основни и средни училишта.
Традиционалната улична трка е во организација на Општински сојуз на спортови Куманово, со поддршка на Општински сојуз на училишен спорт на градот.
Награди и признанија за најуспешните натпреварувачи беа поделени на градскиот плоштад, каде што заврши спортската манифестација.
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски и претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска, заедно со претставници од општинската администрација, упатија честитки до учесниците на денешниот настан, посакувајќи им повисоки достигнувања во иднина.