Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Празнична вечер со Љубовен мјузикл – Симфониум

Третото издание на културно – уметничкиот настан Љубовен мјузикл, во чест на 14 Февруари, ден на љубовта и виното, се одржа вечерва во Занаетчиски дом, со поддршка на Фондацијата за култура спорт – Куманово.

Манифестацијата е во организација на оркестарот Симфониум при СОУ Гимназија “Гоце Делчев” – Куманово, под водсвто на професорот Филип Петровски – автор на сценариото.

На задоволство на публиката, беа интерпретирани познати музички дела, пропратени со драмска извадба од страна на кумановските гимназијалци.

На традиционалниот настан присуствуваа членови на Совет на Општина Куманово и претставници од општинската администрација.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст