Ј А В Е Н П О В И К за остварување на правото на народна кујна на територија на општина Куманово
Врз основа на Програмата за развој на социјална заштита на општина Куманово за 2024 година бр. 09-10094/43 од 26.12.2023 година („Службен гласник на Општина Куманово“ бр. 18/23) и Правилник за утврдување на постапка за остварување на правото на народна кујна на територија на општина Куманово за 2024 година бр. 01-1512/1 од 13.02.2024 година, донесен од страна на градоначалникот на општина Куманово, Општината објавува
Ј А В Е Н П О В И К
за остварување на правото на народна кујна на територија на општина Куманово
Правото на користење на народна кујна го опфаќа правото на еден дневен оброк за едно лице кој ќе биде обезбеден од страна на ЈУ-ОУД „Професор Мијалковиќ“- Куманово како давател на услугата со финансиска поддршка од страна на општина Куманово за лица, кои се наоѓаат под најголем социјален ризик.
Се повикуваат сите граѓани (физички лица), кои се наоѓаат под наjголем социјален ризик да пројават интерес на овој Јавен повик, исполнувајќи ги следниве критериуми:
- Корисници:
- Лица- корисници на гарантирана минимална помош во ЈУМ Центар за социјална работа – Куманово;
- Лица со многудетно семејство;
- Лица- корисници на право на социјална сигурност на стари лица
Едно лице може да искористи еден оброк на дневно ниво.
Лицата оброкот го подигнуваат со важечка лична карта.
Еден барател може да поднесе едно Барање, во кое може да ги наведе и останатите
членови на своето семејство како соуживатели на право на користење на народна кујна и за истиот ќе бидат пресметани толку оброци колку што има членови на семејството.
- Потребна документација
Подносителите на Барања потребно е да достават Барање со следнава потребна документација:
- за лица – корисници на гарантирана минимална помош во ЈУМ Центар за социјална работа – Куманово, Решение од ЈУМ Центар за социјална работа Куманово (копија);
- за лица со многудетно семејство – корисници на гарантирана минимална помош во ЈУМ Центар за социјална работа – Куманово (три или повеќе малолетни деца, Решение од ЈУМ Центар за социјална работа – Куманово (копија) и извод од матична книга на родени за секое малолетно дете поединечно (копија);
- за лица- корисници на право на социјална сигурност на стари лица – решение од ЈУМ Центар за социјална работа – Куманово (копија).
- Рок и начин на доставување на Барањата
Јавниот повик ќе биде објавен на официјалната веб страна на општина Куманово www.kumanovo.gov.mk
Јавниот повик ќе трае тековната фискална 2024 година.
Барањата можат да се подигнат во општинската зграда во поранешен Козјак.
Барањата со целокупната документација се доставуваат во писмена форма до општинската архива со назнака „До Општина Куманово, Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита“.
За сите подносители на Барања кои ќе бидат опфатени со оваа мерка, ќе биде изготвено Решение од страна на градоначалникот на општина Куманово и истото ќе биде истакнато на видно место во просториите на ЈУ-ОУД „Професор Мијалковиќ“- Куманово, како давател на услугата.
Бaрaњaтa може да ги преземете ТУКA