Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Прес конференција на Фондација за култура и спорт Куманово

Директорот на Фондацијата за култура и спорт, Марио Арангеловски, денеска во Општина Куманово, одржа прес – конференција, во врска со Програмата на манифестации за одбележување на Денот на ослободување на град Куманово – “Ноемвриски денови 2024”.
На настанот беа презентирани културно – уметнички содржини, кои ќе бидат реализирани во рамки на овогодинешното јубилејно одбележување, 80 години слободно Куманово.
На прес конференцијата освен директорот на Фондацијата за култура и спорт Куманово, присуствуваа и претставници од Секторот за култура, спорт, социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита при Општина Куманово.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст