Претставници од ГШК Куманово на прием кај градоначалникот Димитриевски
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски, денеска оствари средба со наградените шахисти од ГШК Куманово, кои постигнаа врвни резултати на национално ниво. Од име на Општината, градоначалникот на младите спортисти им упати честитки, посакувајќи им успех на претстојните турнири во шах. Во поединечна конкуренција на државниот натпревар, спортистите се закитија со сребрени (до 18 години) и бронзени медали (до 8 години), а во екипна конкуренција освоија второ и трето место, со што обезбедија учество во елитната Прва лига. Шахистите ќе се натпреваруваат во машка и женска сениорска конкуренција. Претседателката на ГШК Куманово, Сања Трајковска, ќе учествува на претстојната шаховска олимпијада во Будимпешта, во септември 2024 година, како дел од репрезентацијата на Македонија.