Претставници од Општина Куманово на обука за превенција од насилен екстремизам
Претставници од Општина Куманово беа на тридневна обука за превенција од насилен екстремизам. Обуката се одржи од 13 до 15 мај во Охрид, а беше на покана од Здружение Хуманост, Ла Страда и Отворена порта. Целта на обуката е јакнење на капацитетите и вештините за обезбедување на превенција и спречување од насилен екстремизам. Општина Куманово активно работи на оваа тематика од 2019 година, преку Акцискиот тим на заедница и Мрежата на силни градови.