Претставници од Општина Куманово на празничен прием во Никшиќ
Збратимената Општина Никшиќ од Црна Гора, со пригодни активности го одбележа своето постоење.
По тој повод делегација од Општина Куманово, составена од членови на Советот на Општината, Саша Николиќ и Дејан Ивановски, присуствуваа на свечена седница и на кутурно – уметнички настан, организиран на плоштадот во Никшиќ.
На оваа средба беше потенцирана досегашната успешна размена на искуства и беа разгледани можности за нови заеднички проекти, кои би биле во интерес на граѓаните на двете општини.