Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Презентација на воздухопловна опрема и возила на аеродромот Аџи Тепе во Куманово

Презентација на воздухопловна опрема и возила на аеродромот Аџи Тепе во Куманово

На спортскиот аеродром Аџи Тепе во Куманово, денеска се одржа изложба на воена и цивилна воздухопловна опрема и возила Air/Ground Static Display.
Настанот го организираа единици на АРМ, во соработка со Амбасада на САД во РСМ, со поддршка на Општина Куманово.
Многубројните посетители на аеродромот имаа можност да присуствуваат на презентација на воена опрема и директно да комуницираат со претставниците на Армијата и стручните лица кои беа дел од организацијата.
Манифестацијата беше збогатена со ликовни творби на ученици од општинските средни училишта и настап на оркестарот Симфониум при СОУ Гимназија Гоце Делчев – Куманово.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст