Прием на претставници од Амбасада на Јапонија во Општина Куманово
Градоначалникот на Општина Куманово, Максим Димитриевски оствари средба со јапонскиот амбасадор Н.Е. Оцука Казуја.
Денешната прва официјална посета на претставниците од Амбасада на Јапонија во РСМ, помина во пригодна атмосфера.
Беа истакнати долгогодишните пријателски релации и взаемната поддршка меѓу двете земји.
Се разговараше за создавање на услови за соработка во иднина, односно за можни проекти во повеќе општествени сфери кои би биле од интерес на граѓаните во Општината.