“Активни амбасадори на културата” – Еразмус+ проект
Денеска во Општина Куманово, претставник од Секторот за образование, имаше средба со делегации од земјите учеснички на проектот Еразмус+.
Ученици и наставници од СОУ Гимназија “Гоце Делчев” – Куманово, деновиве се домаќини на завршната мобилност од Еразмус+ проектот со наслов – “Активни амбасадори на културата”.
Носител на проектот е Турција, учесници се Македонија, Бугарија, Романија, Италија и Португалија.
Средношколците од шестте земји учеснички, заедно работеа на темата: “Митови, легенди и традиционални народни песни”.
Освен презентации и работилници, во рамки на проектните активности, посетија и повеќе културно – историски и туристички места низ земјава.