Пригодно одбележување на 8 Септември – Денот на независноста на Македонија
На градскиот плоштад во Куманово, денеска свечено беа одбележани 32 години од самостојна и суверена Македонија.
Во знак на почит и благодарност, пред споменикот Жена борец, свежо цвеќе положија делегација на Општина Куманово, предводена од градоначалникот Максим Димитриевски и делегација од Совет на Општината, предводена од претседателката Ивана Ѓорѓиевска.
Почит изразија и делегации на Сојуз на борци од НОБ и антифашистичката војна на Македонија – Општински одбор Куманово, ЗАПВАРС, Армија на РСМ, претставници на Собрание и Влада на РСМ, МВР, делегации од општински основни и средни училишта, јавни претпријатија и институции, здруженија на граѓани, невладини организации, политички партии и др.
Пред присутните со празничен говор се обрати градоначалникот на Општина Куманово, по што следуваше културно – уметничка програма.