Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Продолжува реализација на мерката – остварување на право на народна кујна

Општина Куманово продолжува со реализација на мерката – остварување на право на народна кујна за ранливи категории на граѓани, согласно со надлежностите во Програмата за социјална заштита на Сектор за култура,  спорт,социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита.  Покрај оствареното право на користење на оброк на вкупно 73 граѓани, од утре бројката на корисници ќе биде зголемена и ќе изнесува 105 граѓани.За сите подносители на Барања кои ќе бидат опфатени со оваа мерка, ќе биде истакнато известување во просториите на  ЈУОУД „Професор Мијалковиќ“- Куманово.Јавниот повик за остварување на право на народна кујна продолжува и  ќе трае  до крајот на 2024 година.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст