Промоција на филмот “ТРГОВИЈА”
Вечерва во Занаетчиски дом се одржа промоција на филмoт “Трговија”. Филмот беше прикажан по повод 18ти октомври – Европски ден на борба против трговија со луѓе, во организација на волонтерите на Црвен крст на РСМ – ОО Куманово.
Целта на филмот е да се испрати порака, како и да се подигне свеста за ова дело кое директно ги напаѓа основните човекови права.
На настанот присуствуваше Претседателката на Совет на Општина Куманово Ивана Ѓорѓиевска.
Трговијата со луѓе е сериозен општествен проблем и претставува најтешка форма на кршење на основните права – правото на живот, право на слободно движење, слобода на избор и други човекови права и слободи.