Став за импакт на лична и колективна одговорност истакнат во изложбата “Memento mori“
Оваа објава е достапна и на: Albanian
Вечерва во уметничката галерија на НУ Музеј Куманово беше отворена изложбата “Memento mori“ на Страхил Петровски, поддржана од општина Куманово, во организација на Здружение за заштита и промоција на културата, културните вредности, визуелните уметности, архитектурата, дизајнот и културното наследство во Македонија. Мултимедијалниот проект е фотографска и видео инсталација, со цел да генерира прашања, проблеми на свеста и совеста, истражувајќи ги основните вредности на постоењето, слободата, напредокот, самоцензурата. На изложбата присуствуваше претседателката на Совет на општина Куманово, Ѓорѓиевска.