Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Промоција на книга “50 години пчеларство во Куманово и Кумановско”

Вечерва во Занаетчиски дом, се одржа промоција на монографијата “50 години пчеларство во Куманово и Кумановско”, во издание на здружението на пчелари “Пчела” – Куманово, со поддршка на Општината, приватниот сектор, граѓани поддржувачи и членовите на здружението.

Со оваа промоција сe одбележува значаен јубилеј во сферата на организираното пчеларство на локално ниво, како и Меѓународниот ден на пчелата – 20 Мaj.
Присутните имаа можност да слушнат излагање на стручни лица од областа на оваа земјоделска гранка, интерпретација на музички нумери и пригоден рецитал.
Настанот го отвори претседателката на Советот на Општината, Ивана Ѓорѓиевска.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст