Прва официјална посета на амбасадорот на Република Словенија Н.Е. Грегор Прескер
Денеска градоначалникот на општина Куманово Димитриевски оствари прва официјална средба со амбасадорот на Република Словенија Н.Е. Грегор Прескер и заменик амбасадорот Татјана Ковачиќ. На средбата беше истакнато обостраното задоволство од воспоставените односи на двете страни, со позитивни очекувања за континуирана соработка, која ќе донесе интензивно споделување на искуствата и нови проекти. Оваа средба резултираше со отворени можности за продолжување на соработката во повеќе општествени сфери, реализирајќи проектни активности за квалитетен животен стандард на граѓаните.