Прва тркалезна маса за размена на идеи со локални лидери во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста на корупција на Општините во Северна Македонија“
Денеска во кружната сала на зградата на поранешни општествено – политички организации се одржа првата тркалезна маса за размена на идеи со локалните лидери во рамки на проектот „Зајакнување на отпорноста на корупција на општините во Северна Македонија“.Проектот го имплементира Националниот демократски институт, финансиран од Швајцарската агенција за развој и соработка. Целта е да се развијат и пилотираат системи и механизми, кои ќе ја подобрат транспарентноста во локалната администрација. Ќе бидат предложени процедури и механизми за подобрување на системите за внатрешна контрола и на контролните механизми, за да се намалат дискреционите овластувања во Општините и да се зајакне транспарентноста и одговорноста на општинските институции. Со ова ќе се зајакнат капацитетите на граѓанското општество, медиумите и приватниот сектор за подобро следење на процесите на донесување одлуки и испорачување на услуги на локално ниво, како и намалување на ранливоста кон корупција на Општините, преку воспоставување и институционализацијата на одржливи механизми за внатрешна контрола. Проектните активности се одвиваат во: Куманово, Битола, Боговиње, Гази Баба, Струмица и Штип.
Со цел успешно спроведување на проектот, НДИ тесно ќе соработува со партнерите: Институтот за демократија Социетас Цивилис – Скопје, Државниот инспекторат за локална самоуправа, Бирото за јавни набавки, Здружение на единиците на локалната самоуправа, Државниот завод за ревизија, Државната комисија за спречување на корупција, Здружението на новинари на Македонија и Отворено владино партнерство на локално ниво, како и бројни меѓународни консултанти.
На денешната тркалезна маса присуствуваа градоначалникот и секретарот на општина Куманово, претседателката и членови на Совет на Општината, како и раководители на Сектори и Одделенија во Општината.