Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Работна средба на ЛЕСС – Куманово

Денеска во Општина Куманово, беше одржан првиот официјален состанок на Локален економско – социјален совет – ЛЕСС Куманово, на кој беа потенцирани правата и  должностите во чии рамки ќе функционира ова тричлено тело.
Покрај претставници од Општина Куманово, Советот го сочинуваат претставници од Сојузот на синдикати на Македонија – ССМ, од Конфедерацијата на слободни синдикати на Македонија – КСС и претставници од Здружението на работодавачи (локални приватни фирми и компании).
На средбата беше донесена одлука за проширување на ЛЕСС Куманово. Покрај основачите (9 члена) на телото се приклучија и претставници од Агенцијата за вработување, ЈУМЦСР Куманово, од СВР – Куманово, невладини организации, занаетчии и претставници од медиуми.

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст