Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

Редовен брифинг на Димитриевски со медиуми

Денеска градоначалникот на Општина Куманово Димитриевски одржа брифинг за медиуми, на кој ги најави активностите и настаните на Општината за месец јуни.

Во рамките на инфраструктурните проекти на Општина Куманово, во текот на месец јуни ќе бидат реализирани следниве активности:

Асфалтирање на улиците: “Драган Стопаревиќ”, “Народна револуција”, “Благој Илиев Гуне”, “111” и “112” (Рајкова куќа).

Во тек е уредување со бекатон на 2 улици во Горно Којнаре (во централниот дел и во правец на гробиштата).

Реконструкција на водоводна мрежа на улиците: “Славиша Вајнер”, “11 Ноември”, “Јане Сандански” и на “Никола Тесла” (чија реализација се спроведува од страна на Општина Куманово и Министерството за транспорт и врски).

Фекална канализација на ул.”Киро Фетак” (крак 1, 2, и 3).

Ќе бидат извршени градежни работи и тампонирање на дел од патот од Митев мост до с. Проевце.

Во текот на овој месец ќе биде распишана тендерска постапка за целосна реконструкција на Соколанскиот парк во Куманово.

На 13 и 14 јуни во Куманово ќе се одржи Регионален хаб за Западен Балкан на Мрежата на силни градови и Општина Куманово, како заедничка национална работилница, на која ќе присуствуваат градоначалници од државата. Настанот е поддржан од Стејт департментот на САД, со цел да им помогне на локалните самоуправи во зајакнувањето на политиките, програмите и структурите, зајакнувајќи го ,,пристапот на целокупното општество” во справувањето со екстремизмот, омразата и поларизацијата. Ќе бидат разгледани конкретните улоги на градоначалниците, обезбедувајќи координации помеѓу сите чинители во иницијативите за одговор на екстремизмот, омразата и поларизацијата.

Програма на културни манифестации за месец јуни

09 јуни 2023 годинаИзложба на Традиционални рачно изработени елементи, народни костими и орнаменти од народни носии „Етно соба и етно музеј“

(Здружение на ЦИОТ „Етно Фолк Студио“)

09-10 јуни  2023 година Мото Фест „Куманово 2023“

(Фондација за култура и спорт ,,Куманово“)

Претстојниот викенд градоначалникот Димитриевски ќе биде гостин на Македонскиот ден во Ешалан Швајцарија на покана на Македонското друштво Македонија – Ешалан. При посетата ќе оствари средба со градоначалникот на Ешалан, а ќе ја посетат и депонијата за отпад и противпожарната станица, како и Олимпискиот музеј во Лозана. Од Македонија ќе бидат присутни и градоначалниците на Босилово, Василево, Македонска Каменица и Ново село.

17 јуни 2023 година Пикник у Пелинце

(Здружение за уметност и култура „Мјузик Конектинг Пипл“ –  Куманово)

26 јуни 2023 година   Одбележување на излегување на јадрото на кумановскиот партизански одред 1943 од бавчите на Цекови и Тодоровски

(Фондација за култура и спорт „Куманово“)

26-29  јуни 2023 година Детски ликовен камп „АСНОМ“

(Фондација за култура и спорт „Куманово“ – Куманово)

јуни  2023 годинаЛетна школа за литература

(Фондација за култура и спорт Куманово).

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст