“Регионална соработка за подобра социјална инклузија” – проект
Втора етапа од проектот за размена на искуства – воспоставување на услуги на грижа во заедницата со родово – чувствителна димензија, беше реализирана денеска во Општина Куманово, во зградата на поранешни општествено – политички организации.
Во проектот се опфатени повеќе општини од регионот, Куманово, Свети Николе, Кочани, Валандово, Делчево и Прилеп.
Учесниците на едукативниот настан претставија концепти за воспоставување на услуги на грижа во заедницата со вклучени родови аспекти и миграциски чувствителни пристапи.
Беа разгледани можности и предложени начини за изнаоѓање на релевантни, ефективни, одржливи услуги/пристапи кои создаваат промени на ниво на ЛНОБ групи, локални заедници и на национално ниво.
Во рамки на денешниот настан, учесниците го посетија Центарот за рехабилитација и реинтеграција на возрасни лица со умерена и тешка интелектуална попреченост – “Порака наша” – Куманово.