“Рома труба фест 2024” – Меѓународен дувачки фестивал
Традиционалната музичка манифестација “Рома труба фест 2024”, се одржа вечерва на градскиот плоштад во Куманово, по деветнаесетти пат, во организација на Ансамблот на народни ромски игри и песни “Рушит Шакири” – Куманово.
На меѓународниот дувачки фестивал учествуваа оркестар Кеми Асанов, Кочани оркестар, Исидор Зеќировиќ, Демир Уска Кантуров, Кристијан Азировиќ, Роберт Демировиќ, оркестар “Сандански” и специјалната гостинка од Србија, пејачката Анабела.
Настанот го отвори претседателката на Советот на Општина Куманово, Ивана Ѓорѓиевска, а пред публиката се обрати и претседателот на Ансамблот на народни ромски игри и песни “Рушит Шакири” – Куманово, Самет Салиевски.
Фестивалот беше поддржан од Општина Куманово и Министерството за култура на РС Македонија.