Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

С О О П Ш Т Е Н И Е за обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица- корисници на гарантирана минимална помош(ГМП) за 2024 година

Ве известуваме дека врз основа на член 3 од Одлуката за обезбедување на помош за домување на материјално и станбено необезбедени лица- корисници на гарантирана минимална помош (ГМП) за 2024 година, бр.09-10094/40 од 26.12.2023 година („Сл.гласник на Општина Куманово“ бр.18/23 ), право на субвенционирање на трошоци за комунални услуги и трошоци за кирија ќе можат да остварат лица кои имаат статус на:

  • Корисници на гарантирана минимална помош (ГМП), материјално и станбено необезбедени лица кои живеат на територија на општина Куманово (лица кои живеат под кирија).

Потребни документи за субвенционирање на трошоци за комунални услуги

Кон Барањето за субвенционирање подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:

-лична карта ;

-сметка од ЈП „Водовод“- Куманово (не постара од 3 месеци);

-сметка од ЈП „Чистота и зеленило“ -Куманово (не постара од 3 месеци);

-документ кој ја докажува врската (односот) помеѓу барателот и носителот на сметка;

-решение издадено од ЈУМЦСР Куманово, којшто докажува дека лицето користи право на гарантирана минимална помош;

-договор за наем на стан/куќа;   

      -телефонски број за контакт.

   Пoтребни документи за субвенционирање на трошоци за кирија

Кон Барањето за субвенционирање подносителот треба да ги приложи во вид на фотокопија следниве докази/документи:

-лична карта ;

-решение издадено од ЈУМЦСР Куманово, којшто докажува дека лицето користи право на гарантирана минимална помош;

-договор за наем на стан/куќа;                                       

– активна трансакциска сметка;

-телефонски број за контакт.

Подносителите пополнуваат две Барања за двете наведени субвенции.  

Барањата можат  да се превземат на следниов ЛИНК  во делот Сектор за култура,спорт,социјална заштита,заштита на деца и здравствена заштита како и во архивата на општина Куманово и на портирница  во зградата на  поранешен АД „Козјак“ спроти градскиот стадион (Одделение за социјална заштита, заштита на децата и здравствена заштита)

Барањата со потребна документација се доставуваат до архива на општина Куманово од 22.01.2024 до  22.02.2024 година

ДОПОЛНИТЕЛНИ ИНФОРМАЦИИ МОЖЕТЕ ДА ДОБИЕТЕ НА ТЕЛЕФОН 075/323-569 ОД 0800  до 1600   часот. 

 

 

Сектор за култура, спорт, социјална заштита,

                                                                                заштита на децата и здравствена заштита                                                                                                                                                                                                                          

 

 

 

 

 

БАРАЊЕ- за субвенционирање на трошоци за кирија корисници на гарантирана минимална помош

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст