“Се мора да се смени” – проект на балетско студио Ултра
На сцената на НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, со пет тематски кореографии се претставија балерините на балетско студио Ултра.
Публиката имаше можност да проследи перформанс на тема “Се мора да се смени”, кој низ игра ја отсликува желбата за почиста и поздрава животна средина на најмалата популација.
Проектот е поддржан од Општина Куманово.