Skip to content Skip to main navigation Skip to footer

“Седумдецениски времеплов” на ООУ “Браќа Миладиновци”

,,Училиште мое, разиграно, распеано во сите бои и тонови”- е наслов на свеченото одбележување на јубилејот 70 години од постоењето на ООУ “Браќа Миладиновци” – Куманово.

Прославата на патрониот празник се одржа вечерва во салата на НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, со богата културно – уметничка програма, подготвена од учениците и нивните наставници.
Публиката имаше можност да проследи пригоден рецитал, театарска изведба, песна и игра, кои беа дел од програмата – Седумдецениски времеплов.
На манифестацијата присуствуваа претседателката на Советот на Општината и претставници од општинската администрација.

 

Врати се на врвот
Големина на фонт
Боја на контраст