“Шпанска инспирација” – изложба на уметнички дела
Во фоајето на НУЦК “Трајко Прокопиев” – Куманово, денеска беше отворена изложба на ликовни творби, од ученици од профил – графички дизајнер при СОУ “Перо Наков” – Куманово.
Изложбената поставка е инспирирана од великаните на шпанското сликарство, уметници кои твореле низ повеќе временски циклуси и кои зад себе оставиле трајни вредности низ животниот творечки опус.
Пред љубителите на уметноста и претставници од повеќе институции, културно – уметничкиот настан го отвори Амбасадорот на Кралството Шпанија во РС Македонија, Н.Е. Рафаел Сориано Ортис, кој се обрати пред пред присутните, нагласувајќи ја културната релација меѓу двете пријателски земји.